Connect with us

Фудбал

Ливерпул и Бенфика приредија спектакл на „Енфилд“.

Ливерпул на Енфилд ја пречека Бенфика во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот заврши 3:3, но Ливерпул се најде меѓу четирите најдобри екипи во Европа со вкупен резултат 6:4.

„Црвените“ победија со 3-1 на првиот меч во Лисабон, па Јирген Клоп реши малку да ги измеша картите на овој меч. Тој ги остави Мане и Салах на клупата, но тоа не влијаеше премногу на ефикасноста на неговиот тим.

„Црвените“ поведоа во 21. минута. По корнерот на Цимикас, највисок во скокот е Ибрахим Конате, кој погодува за 1:0.

Бенфика на овој натпревар одигра многу офанзивно. На овој натпревар сакаа да го подобрат впечатокот, па со голот на Рамос во 32. минута израмнија на 1:1.

Со овој резултат тие заминаа на одмор, а потоа на сцена стапи Роберто Фирмино. Бразилецот за период од десет минути постигна два гола, а „црвените“ имаа предност од 3:1.

Бенфика не се предаде и успеа да се врати во мечот. Јаремчук во 73. минута погоди за 3:2, а потоа Дарвин Нуњез во 82. минута за 3:3.

И двете екипи до крајот имаа шанси за победа. Сепак, немаше промена на резултатот и остана 3:3.

Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против најголемото изненадување во натпреварувањето, Виљареал кој го елиминира Баерн.

Facebook