Фудбал
Ливерпул ја пронајде замената на Ловрен во Бетис
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп летово е во потрага по нов стопер, а дел од англиските медиуми велат дека следното засилување веќе го пронашол во Бетис.
Се работи за дефанзивецот Аиса Манди, а „црвените“ веќе испратиле понуда од 10 милиони евра. Тој треба да биде замена за Дејан Ловрен, кој пред два дена го комплетираше својот трансфер во Зенит.
Манди има откупна клаузула од 30 милиони евра, но влегува во последната година од својот договор. Затоа Ливерпул се надева дека може да го добие за три пати помалку пари.
Скаутите на премиерлигашот силно го препорачале Манди кај Клоп со оглед на неговите технички карактеристики.