Connect with us

Фудбал

Ливерпул ја сака ѕвездата на Бенфика

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска, а последното име на потесниот круг на „црвените“ е Енцо Фернандез од Бенфика.

Јирген Клоп сака да го засили средниот ред каде што нема многу алтернативи, па во јануари ќе се фокусира на ѕвездата на Бенфика.

21-годишниот Аргентинец летово пристигна во Бенфика од Ривер Плата и веднаш ја покажа својата класа со одличните игри.

Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти и Клоп сака да го донесе на „Енфилд“.

Сепак, Бефика нема лесно да се откаже од него и сака 50 милиони евра за Аргентинецот и покрај тоа што пред два месеци плати само 10 милиони евра за него.