Connect with us

Фудбал

Ливерпул не купува ѕвезди, тој ги создава

Јурген Клоп пет години е во Ливерпул. Кога го презема клубот вредеше според Форбс 360 милиони фунти, а сега 1,83 милијарди фунти.

Во својот прв преоден рок Клоп потроши 85 милиони фунти, но летоска, пред почетокот на оваа сезона потроши помалку од 5 милиони фунти за засилувања.

Добар пример за одлични инвестиции се Енди Робертсон и Александер Арнолд. Шкотланѓанецот пристигна во 2017 година од Хал за осум милиони фунти, додека Арнолд е дете на клубот. Овие двајца играчи денеска се незаменливи на бековските позиции. Заедно вредат над 150 милиони фунти.

Карагер за овој Ливерпул изјави: Ливерпул не купува ѕвезди, тој ги создава. Оваа негова изјава е вситинита.