Connect with us

Фудбал

Ливерпул остана без ЛШ, Мухамед Салах скршен: Апсолутно сум уништен, извинете

Ливерпул не оди во Лигата на шампионите, по шест последователни сезони во најсилното натпреварување. Европскиот шампион од 2019 година и финалист од минатата сезона не успеа ниту да се пласира во Топ 4 во Премиер лигата, бидејќи Манчестер Јунајтед го „зацврсти“ местото во елитата со триумфот од 4:1 против Челзи, а избраниците на Јирген Клоп остана надвор од елитата.

Англија во најсилната конкуренција ќе ја претставуваат ново-стариот шампион Манчестер Сити, вицешампионот Арсенал, како и Манчестер Јунајтед и Њукасл. „Страчките“ последен пат во Лигата на шампионите играа во сезоната 2002/03.

Мохамед Салах, херојот на Ливерпул од претходните сезони, беше целосно емотивно скршен по овој исход.

„Апсолутно сум уништен. Нема апсолутно никакво оправдување за ова. Имавме се што ни требаше за да влеземе во Лигата на шампионите следната година и не успеавме. Ние сме Ливерпул и квалификациите за тоа натпреварување е минимумот што треба да го постигнеме. Извинете, но во моментов е рано за оптимистички и инспиративни пораки. Ние ве изневеривме и вас и нас“, напиша Египјанецот.