Connect with us

Фудбал

Ливерпул по 30 години ќе го крене пехарот, но им порача на навивачите: Не доаѓајте пред „Енфилд“

Фудбалскиот клуб Ливерпул се приклучи на апелот на полицијата и градските власти и ги замоли своите фанови да го следат доделувањето на шампионскиот трофеј во Премиер лигата од дома и да не се собираат пред стадионот „Енфилд“.

Ливерпул го освои првенството оваа сезона, за прв пат по 30 години. Трофејот ќе му биде претставен на тимот в среда по натпреварот со Челси на „Енфилд“.

Клубот, надлежните и здружението на навивачи ги предупредија приврзаниците на Ливерпул дека собирот среде пандемијата на коронавирусот продолжува да претставува голема закана за локалните заедници.

Телевизијата Скај Спорт ќе го емитува натпреварот и доделувањето на трофејот бесплатно.