Фудбал
Ливерпул подготви нови договори за Ван Дајк и Алисон
Ливерпул сака да ги задржи своите две ѕвезди во тимот.
Тимот подготви нови договори за Виргил ван Дајк и Алисон.
Холанѓанецот и бразилскиот голман во моментов се едни од најдобрите играчи во англиската екипа.
Европскиот и светскиот шампион се обидува да ги убеди играчите да го продолжат договор со клубот.
Ова е приоритет за клубот од „Енфилд роуд“, пишува британски „Индипендент“.
И дефанзивецот и голманот сакаат да го продолжат своето искуството во Ливерпул.
Со нив „црвените“ се на добар пат да ја освојат шампионската титула во Англија по долго време.