Connect with us

Фудбал

Ливерпул стапи во контакт со Алонсо

 Ливерпул го направи првиот чекор за привлекување на Чаби Алонсо. Премиерлигашот контактирале со претставници на тренерот на Баер Леверкузен, пренесува новинарот на „Sky Sport Deutschland“, Флоријан Плетенберг.

Претходно Баерн контактираше со 42-годишниот стручњак. Сега баварците и Ливерпул се главни претенденти за Алонсо.

Во Баерн се свесни дека ангажман на Чаби ќе биде многу тешко остварлив, но тој останува приоритетен кандидат за замена на Томас Тухел.

Алонсо во текот на својата играчка кариера, настапуваше и за Баерн Минхен и за Ливерпул.

Тренерското место во бундеслигашот од Леверкузен, Алонсо го презема во октомври 2022 година.