Connect with us

Фудбал

Ливерпул тргнува по Влаховиќ

Ливерпул размислува да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.  Според „Calciomercatoweb“ 23-годишниот Србин сака да го напушти торинскиот клуб. Самиот играч би сакал да игра за Реал Мадрид. 

Влаховиќ е во Јувентус од јануари 2022 година. Неговиот актуелен договор со клубот е до јуни 2026 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра. 

Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 26 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и четири асистенции.