Connect with us

Фудбал

Ливерпул загуби од Тотенхем, но е ограбен, му се извинија, но сепак никакво фајде од тоа (ВИДЕО)

Ливерул е поразен во дербито на колото во Премиер лигата со 2:1, но ќе остане дамка на мечот тоа што се „ограбени“. Имено, поништен им е чист гол, судиите признаа дека згрешиле, Ливерпул доби извинување, но никакво фајде од тоа.

Од судиската организација рекоа дека ќе се анализира целата ситуација и дека Ливерпул ќе добие официјално извинување.

Сепак, останува нејасно зошто ВАР не реагираше во моментот, ако се знае дека голот беше поништен на сигнализација на помошниот судија.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека тоа не била единствената дискутабилна одлука на натпреварот.

-Не сум видел понефер натпревар во животот. Горд сум на мојот тим, никогаш погорд, но никогаш не сум видел натпревар со толку многу нефер судиски одлуки. Не е офсајд, нема шанси. Лошо ги исцртаа линиите. Го видовме тоа на полувремето, некој ни го покажа на мобилен телефон. Сè е јасно. Сигурен сум дека за ова ќе се зборува со денови, но тешко е да се поднесе – рече Клоп.

Standings provided by Sofascore