Фудбал
Лондонските клубови стојат во ред: Волците ја одредуваат цената за Адам Траоре
Шпанскиот напаѓач Адам Траоре се почесто се поврзува со заминување од Вулверхемптон.
Корпулентниот 25-годишник сезонава одигра 20 натпревари за својот тим и нема постигнато никаков ефект (голови и асистенции), но и покрај тоа интерес за него покажуваат одредени клубови.
Според британски Телеграф, тоа се лондонските тимови, Тотенхем и Вест Хем Јунајтед.
Истиот извор наведува дека „волците“ му одредиле цена на својот фудбалер, и дека во јануари 2022 година нема да го продадат за ни помалку ни повеќе туку 25 милиони евра. Траоре има договор со Вулверхемтпон до крајот на следната сезона, односно до летото 2023 година.
За потсетување, Адам Траоре летово беше поврзуван со трансфер во Тотенхем откако Конате пристигна во клубот, но на крајот трансферот пропадна и тој остана верен на Волците.
Траоре е дете на Барселона, а во Англија е од 2015 година кога од Барселона Б се пресели во Астон Вила.
По една година тој потпишува за Мидлсброу, а од летото 2018 година е член на Вулверхемппон, па ќе биде интересно да се види дали неговата авантура во Молине и е дојдена до крајот.