Фудбал
Лопетеги: Тренерот е секогаш виновен за лошото, за доброто – никогаш
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги повика на смиреност по серијата неуспешни резултати. Во вторникот вечерта, европскиот клупски шампион изгуби од ЦСКА (Москва) во Лигата на шампионите, а пред тоа освои само бод на два натпревара во Примера.
– Се случија повреди, како тие на Мараело, Дани (Карвахал), Иско и Гарет (Бејл). Ова се нормални работи, но четири играчи беа премногу за нас, истакна Баскиецот пред утрешниот дуел со Алавеш.
Тој сепак смета дека мора да се прифатат критиките како природна работа.
– Пред десет дена сè беше прекрасно, а сега е помалку чудесно. Продолжуваме со амбиција да го освоиме секој турнир, во кој учествуваме. Тренерот е секогаш виновен за лошото, за доброто – никогаш. Ова го сметаме за нешто природно, рече тој.
Лопетеги потоа зборуваше за дуелот со Алавеш, кој на програмата е утре од 18,30 часот во Виторија.
– Треба да го почитуваме нашиот ривал. Очекувам многу тежок дуел. Тие имаат многу јасни идеи. Мораме да одиграме голем натпревар, за да победиме, нагласи Лопетеги.