Connect with us

Фудбал

„Лорд“ Маруан Фелаини е на излезна врата од Олд Трафорд

„Лорд“ Маруан Фелаини не е задоволен со статусот во Манчестер Јунајтед и според англиските медиуми донел конечна одлука да го напушти клубот. Белгиецот одбил да го обнови договорот и е во потрага по нов тим.

Фелаини е незадоволен од предложените услови и од јануари ќе може да започне преговори со кандидатите за неговиот потпис. 30-годишниот фудбалер дојде во Јунајтед од Евертон во 2013 година. Оваа сезона играше на 9 натпревари во Премиер лигата и постигна три гола.