Љоренте од Реал Мадрид во Атлетико Мадрид

Маркос Љоренте е пред потпис со Атлетико Мадрид пренесуваат шпанските медиуми откако јорганџиите испратиле официјална понуда до кралевите до 40 милиони евра за трансфер на плејмејкерот.

Љуренте не е задоволен од улогата во екипата на Зидан а во Атлетико му гарантирале првотимски статус. Не се исклучува ниту понудата од Интер но засега според пишувањата на Пиринеите, Диего Симеоне е фаворит за да го убеди шпанецот за премин во градскиот ривал.

Атлетико Мадрид ова лето можно е да остане без Саул за кој има интерес од повеќе гиганти од Европа.

Извор: Дриблинг