Други спортови
Лоренцо се пресели во Хонда каде што ќе добие четири милиони евра годишно
Трикратниот светски шампион во „MotoGP“ Хорхе Лоренцо по крајот на сезоната ќе го напушти Дукати, тим за кој настапуваше од неговото деби во серијата.
Шпанецот потпиша договор за две сезони со главниот ривал на Дукати, Хонда.
Следната сезона, Лоренцо ќе биде во тим со четирикратниот светски шампион Марк Маркез.
Како што објави „Марка“, платата на Лоренцо ќе изнесува четири милиони евра годишно.
Во Хонда на местото на Лоренцо ќе дојде Дани Педросу, кој трипати беше вицешампион.