Connect with us

Фудбал

Лош ден за Македонците во Серија А (ВИДЕО)

Монца го совлада Наполи со 2:0, пораз кој не менува ништо за Наполитанците бидејќи веќе ја освоија титулата. Мота и Петања погодија за Монца за победа, која бележи одлични резултати во последно време. Елиф Елмас играше до 62-та минута.

Истата судбина ја доживеја и Удинезе со Илија Несторовски. Загубија со 2:0 на гостувањето кај Фиорентина. Кастровили и Бонавентура стрелаа за домаќините. Несторовски одигра цел меч.