Фудбал
Лоша вест за Милан, напаѓачот го пропушта натпреварот против Јувентус поради повреда!
Милан доживеа уште еден пораз во Серија А против Лацио со резултат од 1:2. Покрај поразот, „Росонерите“ треба да се грижат и за Сами Кастилејо, кој го напушти теренот повредено во првото полувреме.
Шпанецот ја напушти играта во солзи, а денес е откриено колку време ќе паузира. Најновите извештаи велат дека на левиот бек ќе му требаат најмалку 10 дена за враќање на теренот, што значи дека ќе го пропушти предизвикот следната недела против Јувентус.