Connect with us

Фудбал

Лоша вест за навивачите, до септември без публика на трибините

Според експертите , натпреварите пред празните стадиони би можеле да играат барем уште една година.

Сите фудбалски активности во Германија беа прекинати најмалку до 30 април. Сегашните безбедносни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот од германските власти се на сила до 19 април, при што канцеларката Ангела Меркел и властите во германските провинции ќе разговараат за нив во среда. Но, нема најави дека некои мерки поврзани со спортот ќе бидат укинати.

Екипите на Бундеслигата веќе повеќе од една недела се подготвуваат за можно продолжување на натпреварите веќе во мај, што сигурно ќе се игра пред празните трибини, а тоа полека го и прифаќаат најжестоките противници на ваквата одлука кај навивачите. Според некои експерти, стадионите би можеле да бидат без навивачи на трибините дури и повеќе од една година.

Претседателот на влијателната научна академија Леополд, Џералд Хауг им порача на фановите дека треба да бидат трпеливи.

„Дефинитивно ќе бидат потребни месеци , а можеби ќе треба да чекаат 18 месеци“, изјави Хауг во интервју за државната телевизија АРД, додавајќи дека би било паметно да се инсистира на натпревари без гледачи сè додека не се открие вакцина против коронавирусот, што според научниците може да трае барем до крајот на оваа година.