Фудбал
Лоши вести: Барди сѐ уште е позитивен на коронавирус
Лоши вести вечерва пристигнаа од хотелот Хилтон каде што е сместена македонската фудбалска репрезентација.
Енис Барди и по вториот направен тест, се уште е позитивен на коронавирус.
Селекторот Ангеловски најави дека играчот за врска ќе започне со индивидуални тренинзи, со цел да биде спремен физички и кондиционо кога ќе добие негативен тест.
Фудбалерот на Леванте десет дена беше во изолација од екипата по доаѓањето од Шпанија.