Други спортови
Лоши вести, легендарната тенисерка има карцином!
Познатата поранешна тенисерка Мартина Навратилова боледува од рак. Мартина Навратилова е особено позната по одличните настапи на Вимблдон, има 66 години и моментално се бори со два типа на рак.
Како што пренесуваат светските медиуми, Навратилова боледува од рак на дојка и грло, а болеста и била дијагностицирана во ноември.
Потоа отишла на лекар поради грутка во вратот кога ѝ кажале дека ракот на дојката и се вратил по 13 години.
„Оваа двојна болест е сериозна, но ситуацијата е флексибилна и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко уште некое време, но што да правам, ќе се борам додека имам сила“, изјавија поранешна американско-чешка тенисерка.