Connect with us

Други спортови

Лоши вести за Ѓоковиќ и од Франција, на Ролан Гарос само вакцинирани

По голема повеќедневна драма, српскиот тенисер со судска одлука е депортиран од Австралија, што значи дека нема да ја брани титулата освоена минатата година.

Сепак, проблемите за Новак Ѓоковиќ, кој не сака да се вакцинира, не се завршени, односно утрово од Франција пристигнуваат вести кои сигурно нема да му се допаднат.

Според француските медиуми, локалните власти донеле одлука според која „вакцинална пропусница“ ќе се применува и за странски професионални спортисти.

Со други зборови, секој спортист кој сака да учествува на натпреварувањето во Франција ќе мора да се вакцинира, а дали во овој момент ќе има исклучоци, француските медиуми се уште не пишуваат ништо.

Сепак, судејќи по строгата политика на француските власти кон невакцинираните, тешко е да се очекува да се сретнеме со оние кои не сакаат да се вакцинираат, што секако не е во корист на Ѓоковиќ.

Слична е ситуацијата и во Англија и во САД, па доколку пандемијата не се смири, Ѓоковиќ најверојатно нема да може да учествува на ниту еден Грен слем.

Секако дека за српскиот тенисер има излез од оваа ситуација, а тоа е што побрзо да се вакцинира. Што ќе одлучи Ѓоковиќ најверојатно ќе дознаеме во наредните денови.