Connect with us

Фудбал

Лоши вести за Реал Мадрид, Азар нема да игра против Хетафе, Зидан ја откри причината

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред натпреварот од 33. коло од шампионатот на Шпанија со Хетафе објасни дека отсуството на Еден Азар е поради претпазливост.

Французинот не сака да го ризикува здравјето на Белгиецот кој беше повреден.

– Ние мора да бидеме внимателни со него. Тој наскоро ќе ја достигне својата најдобра форма. Јас сум многу горд на сите играчи, бидејќи тоа што го направија не е лесно. Знаеме и дека треба да ги играме преостанатите шест дуели, сите како да ни се финале, рече Зидан.

Реал е лидер на табелата во Ла Лига со еден бод повеќе од Барселона и еден натпревар помалку.

Натпреварот Реал – Хетафе с еигра вечер од 22 часот во Мадрид.