Connect with us

Фудбал

Лотар Матаус повеќе не се сомнева: Жал ми е што на некоја им ја ускратувам надежта, но готово е

Германската легенда смета дека тука веќе нема спас и дека веќе е јасно кој е новиот шампион.

Борусија Дортмунд доста долго се држеше во чекор со Баерн оваа есен, но неодамна формата на тимот од Сигнал Идуна Парк опадна, па во четири кола беа постигнати само четири бода, додека Баерн во тој период постигна девет поени.

Сега Баерн има дури девет бода повеќе од ривалот од Дортмунд и легендарниот Матаус смета дека е невозможно некој да ги претекне Баварците кои итаат кон нова титула.

“Готово е. Жал ми е ако на многумина им ускратувам надеж, но нема потреба да ја гледам стаклената топка. Баерн нема да го испушти ова. Може да му се честита германското првенство”, изјави Германецот.

Баерн има 43 бода, Борусија 34, а потоа следат Баер и Хофенхајм со по 28 бодови, а меч помалку имаат фармацевтите, а потоа Ајнтрахт и Унион со 27, Фрајбург 26, Мајнц 24 …

Јасно е дека под Баерн има вистинска гужва, па ќе се води жестока борба за позициите кои водат во Лигата на шампионите и другите европски натпреварувања, но се чини дека шампионот е веќе познат иако до крајот остануваат уште 17 кола.

Баерн првиот дел од сезоната го заврши со многу повредени играчи, што значи дека напролет ќе биде уште посилен, а една од главните цели сепак ќе биде освојување на Лигата на шампионите.