Фудбал
Лотито: „Знам колку вреди СМС, не е на продажба„
Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито, изјави дека СМС (Сергеј Милинковиќ Савиќ) не е на продажба.
Колку вреди Сергеј? Баш ми е гајле, Сергеј не е за продажба, изјави Лотито за италијанскиот весник “Кориере дело Спорт”.
Репрезентативецот на Србија е еден од најдобрите фудбалери во дресот на Лацио, а италијанските медиуми веќе со недели шпекулираат дека офанзивниот играч за врска важи за голема желба на раководните лица на Јувентус и на Манчестер Јунајтед.
Претседателот на “светлосините” призна дека е воодушевен од партиите на Милинковиќ-Савиќ.
Ние двајца сме многу слични, имаме ист карактер, исто сме храбри. Кога неговиот татко го убедени дека треба да потпише за Фиорентина, иако веќе имаше договор со Лацио, Сергеј му кажа на својот татко дека сака да игра само за Лацио. Таквиот потег беше доволен за мене, додаде Лотито.
Српскиот интернационалец веќе трета сезона игра за Лацио, а на одиграните 99 натпревари, постигна 18 погодоци.