Поврзи се со нас

Кошарка

Лу ќе ги предводи Клиперс

Лос Анџелес, 16 октомври 2020 (МИА) – Американскиот кошаркарски стручњак, Тајрон Лу ќе биде новиот тренер на Клиперс. Четириесет и тригодишниот Лу ќе потпише петгодишен договор, објавија американските медиуми.

-текстот продолжува по рекламата-

Минатата сезона тој беше помошник тренер во НБА тимот.

Во септември раководството на Клиперс му додели отказ на Док Риверс, кој беше во тимот од 2013 година. Под негово водство, тимот никогаш не стигна до финалето на Западната конференција. Клиперси беа елиминирани во второто коло од плејофот оваа година.

-текстот продолжува по рекламите-

Тајрон Лу беше на чело на Кливленд од 2016 до 2018 година. Под негово водство, Кавалирс станаа НБА шампиони во 2016 година. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама