Connect with us

Тајмаут

Љубовникот на мајката на Нејмар ништо не се сеќава, нема пари за лекување

Љубовникот на мајката на Нејмар, Тијаго Рамос во вторникот вечерта итно бил префрлен во болница. Според првичните информации, нешто што сведочат и соседите, имало кавга во куќата на Надин, а потоа брзо пристигнала Брзата помош. Претходно се слушнал звук од кршење на стакло.
Сепак, 23 годишниот љубовник на Надин Гонзалвеш нема здравствено осигурување, ниту пари за лекување, а семејството на Нејмар не може да ги реши трошоците околу лекувањето, пишуваат бразилските медиуми.
Тој веќе трет ден е во болница и има длабока рана на трицепсот. Сепак, одбива да каже на лекарите што се случило, со образложение дека ништо не се сеќава.