Connect with us

Фудбал

Љубовта кон топката е посилна од било што: Претстојната фудбалска sвезда го прекрши правилото за карантин

На многу играчи од петте најголеми лиги им е наредено да останат во изолација во наредниот период, но на некои не им е грижа за тоа.

Откако Калум Хадсон-Одои беше позитивен на тестирањето за коронавирус, на играчите на Челзи им беше наредено да ги поминат наредните 14 дена во карантин, но Мејсон Монт го игнорираше тоа.

Претстојната sвезда на англискиот, а веројатно и на светски фудбал, го прекрши правилото и играше фудбал на едно од многуте игралишта во Лондон.

Со оглед на тоа што тој ја делеше соблекувалната со заразено лице, можеби и самиот го носи коронавирусот, а играњето на отворено и дружењето со пријателите е секако неодговорно од овој 21-годишник.

Челзи е крајно лут поради овој потег и се очекува Монт да биде казнет наскоро. Иако е млад и здрав спортист, тој дефинитивно не требаше да го игнорира советот на лекарите.