Connect with us

Фудбал

Љубовта кратко траеше – Мемфис Депај ја напушта Барселона!

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај (27) изгледа ја заврши епизодата во Барселона.

Иако 27-годишниот напаѓач минатото лето пристигна како големо засилување, неговите игри никого не воодушевија и голема е веројатноста дека ќе го напушти клубот до крајот на јануари.

Според шпанските медиуми, Депај е се поблиску до заминување од каталонскиот клуб. Тој веќе го тргна натписот „ФК Барселона“ од Инстаграм и се очекува наскоро да заврши неговата неславна епизода на Камп Ноу.

27-годишниот напаѓач би можел кариерата да ја продолжи во Јувентус. Истакнатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека „Старата дама“ е сериозно заинтересирана за Холанѓанецот.

„Бјанконерите“ сакаат да го доведат на позајмица до крајот на сезоната и имаат намера да ја завршат работата околу неговото доведување во следните неколку часа.

Мемфис Депај во Барселона пристигна пред шест месеци од Лион како слободен играч. Сепак, тој очигледно не беше задоволен од своите настапи и клубот сака што побрзо да се ослободи од него.

Овој фудбалер има одиграно вкупно 22 натпревари за Каталонците и има ефект од осум гола и две асистенции.

Реклама

Facebook

Реклама