Тајмаут
Луд навивач: Ја испратил сопругата да се породи во друга земја за да може да му даде име на детето како на клубот
Луд холандски навивач открил дека ја испратил сопругата да се породи во Белгија за да може да му даде име на својот син како на омилениот клуб, а тоа е Феенорд.
Тој се јавил во радио емисија во Холандија, во која се водела дебата околу чудни и интересни приказни околу имињата на децата, па ја објаснил целата сторија.
На својот син му дал име Брајан Феенорд.
-Холандија забранува такви имиња. Поради тоа мојата сопруга мораше да отиде во Белгија за да се породи. Таму можам да му дадам име Феенорд, објаснил навивачот, кој сакал да остане анонимен.
Постариот син, кој се родил пред 10 години го добил името Леонардо Сантијаго, Бразилец кој играл во клубот. Сепак сега не се вика така, бидејќи брзо по ваквата одлука, му го променил името, откако стана јасно дека Сантијаго ќе замине од Феенорд.