Connect with us

Фудбал

Луда ноќ во Шпанија даде двајца учесници во Ла Лига: Сè уште не чека спектакл во баражот

До последниот судиски свиреж не се знаеше кој ќе оди директно во Ла Лига следната сезона.

На крајот од една неверојатна вечер, најголем губитник е Еибар, кој беше поразен од Лантернс Алкорон со 1:0 и со тоа го загуби директниот пласман во елитата. Тоа го искористија Алмерија и Ваљадолид и овие два клуба се нови членови на друштвото на најдобрите во Шпанија.

По вечерашниот шок, Еибар оди во бараж, каде исто така ќе гледаме огнено дерби.

Еибар во плејофот ќе игра против Џирона, која заврши како шеста, а втората полуфинална двојка ќе биде дербито на Канарските острови меѓу Лас Палмас и Тенерифе. Победник во баражот ќе биде третиот учесник во Ла Лига следната сезона.

Да потсетиме, друштвото на најдобрите ги напушти Гранада, Леванте и Алавес.

Од Сегунда во Терсер отпаднаа Аморебиета, Реал Сосиедад Б, Фуенлабрада и Алкорон.