Connect with us

Фудбал

Лудило во Париз, навивачите ги бркаат Меси и Нејмар! Протести пред куќата на ѕвездата: Доста ни е од платеници (ВИДЕО)

Лудилото продолжува во Париз. Навивачите на ПСЖ бурно протестираа и бараат Лионел Меси и Нејмар да го напуштат клубот. Тие жестоко протестираа и го искажаа својот став против најголемите ѕвезди. Прво тоа го направија пред главната канцеларија на клубот, а потоа отидоа во куќата на Бразилецот и таму имаа јасна порака за него.


Прво се пожалија на Аргентинецот. Уморни сме од платеници, мора да го отпуштиме Меси“, извикуваа навивачите, држејќи транспаренти во знак на протест. Оттаму отишле во куќата во која живее Нејмар.