Connect with us

Фудбал

Лудило во ПСЖ, Мбапе ќе биде најплатен фудбалер на светот!

Килијан Мбапе е еден од најдобрите во светот. ПСЖ има скапоцен камен во рацете, но оваа сезона донесе некои проблеми меѓу него и тренерот Томас Тухел. Французинот ги изгуби нервите во неколку наврати кога беше заменет.

Интересот на Реал Мадрид не престанува. Договор на Мбапе истекува во јуни 2022 година, но страните не се никаде во близина да најдат договор за обнова. Парискиот клуб, плашејќи се дека можеби ќе ја загубат својата sвезда, размислува да понуди договор кој тешко се одбива.

21-годишниот фудбалер моментно заработува 17 милиони евра сезонава, далеку под 40 милиони на Лионел Меси, 36. на Нејмар и 31. на Кристијано Роналдо. Претседателот Насер Ал-Келаифи е подготвен да го направи Мбапе најплатениот играч во светот. Тоа значи дека тој ќе заработува повеќе од 40 милиони евра годишно.