Connect with us

Фудбал

Лудото враќање во Барса, Мане проговори за мотивација на Клоп

Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане зборуваше за враќање во Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши со резултат 0:3 за „Каталонците“, додека вториот натпревар го добија Англичаните со 4:0. Сенегалецот зборуваше за мотивацијата што тренерот Клоп им ја даде на своите играчи кои изразија увереност дека ќе поминат, и покрај тоа што го загубија првиот натпревар.

„Тој секогаш знае нешто за да го изненади противникот како што направи минатата сезона во повратниот натпревар против Барселона во Лигата на шампионите.

Еј момци, имам добри вести за вас.

Добрата вест е дека Барселона е тим кој игра фудбал и ние ги почитуваме овие екипи. Ќе видите, ќе одиме во финалето. Тогаш Клоп го кажа тоа, јас слепо му верувам, како што му веруваа и моите соиграчи“, рече Мане.