Connect with us

Фудбал

Луис Енрике кажа кој заслужува да ја освои Лигата на шампионите

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике беше прашан кој ќе триумфира во финалето на Лигата на шампионите, каде ривали се Реал Мадрид и Ливерпул . Натпреварот е в сабота во Париз.

„Што и да одговорам, ќе има незадоволни. Подобро е да се молчи за сите да бидат мирни. А сепак, да бидам искрен, Реал заслужува да победи“, изјави Енрике.

Во својата кариера играше и за Реал и за Барселона, но важи за далеку поголем навивач на Каталонците, бидејќи беше и нивни тренер.