Connect with us

Фудбал

Луис Енрике пристигна во Лондон, на преговори со Челзи!

Поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике денеска ќе преговара со своите агенти за менаџерска позиција на клупата на Челзи. Како што истакна етаблираниот новинар Фабрицио Романо, Енрике без сомнение е подготвен да ја извршува таа функција, но денеска нема да биде ништо дефинитивно, бидејќи Сините сигурно ќе имаат преговори и со Јулијан Нагелсман.

Челзи е 11-ти во Премиер лигата со 39 бодови и неодамна го отпушти Греам Потер за кого бара замена. Во својата тренерска кариера, Енрике освои една Лига на шампиони, Суперкуп на Европа, Светско клупско првенство, две шпански првенства, три Копа дел Реј и еден шпански Суперкуп.