Connect with us

Други спортови

Верстапен одговори на “отровните стрели” на Хамилтон

Луис Хамилтон и Макс Верстапен досега имаат освоено четири трки во Формула 1 и се први кандидати за шампионската титула оваа сезона.

Формула 1 следниот викенд ќе се вози во Монте Карло, а на прес-конференцијата пред тренингот и трката, Хамилтон го „прободе“ младиот Холанѓанец.

„Можеби Верстапен чувствува дека има многу повеќе да докаже во Формула 1, додека со мене тоа не е така“, рече Британецот кој е лидер во генералниот пласман.

Одговорот наскоро пристигна. Верстапен рече дека нема потреба некому да му докажуваме нешто во борбата за титулата.

“Немам што да докажам. Избегнувањето контакт зависи од обете страни, досега бев добар, тоа е вистина. Досега избегнувавме контакти, се надеваме дека ќе продолжи да биде така и ќе се натпреваруваме силно едни против други” – рече возачот Ред Була.

Хамилтон има предност од 14 бода пред Верстапен пред трката во Монте Карло, што според прогнозите повеќе му одговара на Ред Бул, па Холанѓанецот ќе има можност да ја намали разликата.