Connect with us

Фудбал

Луис Хамилтон и Серена Вилијамс купуваат европски гигант

Еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата, Луис Хамилтон, наскоро би можел да стане сопственик на европскиот гигант.

Дејли Мејл пишува дека Хамилтон заедно со Серена Вилијамс го убедува британскиот милијардер Мартин Бротон да ја преземе сопственоста на Челзи.

Според пишувањата на британските медиуми, Хамилтон и Вилијамс би инвестирале по 10 милиони фунти, додека остатокот би бил инвестиција на Бротон.

Бротон, кој во минатото беше директор на Бритиш Ервеј и Ливерпул со двеte спортски ѕвезди, преговараше со недели.

Интересно е тоа што Хамилтон е навивач на Арсенал уште од детството, а доколку ги преземе лондонските сини, би работел на промоција на различности и еднаквост за сите луѓе, без разлика на вера, нација, боја на кожа или сексуална ориентација.

Челзи е на продажба од средината на март, кога претходниот сопственик Роман Абрамович беше погоден од строги санкции поради рускиот напад на Украина.

Веќе неколку недели се појавуваат различни кандидати за купување на овој европски гигант. Некои се откажаа во меѓувреме, па останува да се види кого „Raine Group“ ќе и предложи на британската влада како најдобар понудувач.