Фудбал
Луис Хамилтон и Серена Вилијамс стануваат акционери во Челзи?
Според ексклузивните информации на Скај, седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон и 23-кратната Грен слем шампионка Серена Вилијамс ќе се приклучат на еден од конзорциумите кои се борат за купување на тимот на Челзи . Двајцата ќе инвестираат по 10 милиони фунти, а конзорциумот е предводен од поранешниот претседател на Ливерпул и Бритиш ервејс, Мартин Брогтон.
Челзи е во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович од 2003 година, но британската влада го одзеде откако во февруари започна руската воена инвазија на Украина. Вредноста на клубот се проценува на 2,5 милијарди, а секој што сака да учествува во наддавањето за него мора да гарантира инвестиција од најмалку една милијарда.
BREAKING | Sir Lewis Hamilton and Serena Williams are committing millions of pounds to one of the bids vying to become the new owners of Chelsea Football Club ⬇pic.twitter.com/CXqs0kEdBw
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) April 21, 2022
Покрај конзорциумот во кој се Хамилтон и Вилијамс, во борба за имотот на Челзи се и сопствениците на Чикаго Кабс – семејството Рикет и акционерот во ЛА Доџерс – Тод Боели . Самата аукција ја спроведува американската банка Raine Group.