Connect with us

Други спортови

Луис Хамилтон казнет по победата во Бразил

Луис Хамилтон на најдобар можен начин – со победа го заврши не тешкиот викенд во Бразил.

Хамилтон стартуваше од десеттата позиција, но на крајот успеа да триумфира благодарение на феноменално подготвениот болид на Мерцедес и го забележа 101. триумф во кариерата.

Британецот зад себе го имаше најтешкиот викенд во кариерата, што го призна и по трката бидејќи претходно беше дисквалификуван од квалификациите, а беше казнет со пет места наназад поради промена на делови од моторот.

„Во пресрет на овој викенд не верував дека ќе го намалиме заостатокот толку многу како денес. Работите одеа против нас. Но, мислам дека ова покажува дека никогаш не треба да се откажуваш, без разлика со што се соочуваш. Мора да продолжите да се борите, никогаш не смеете да се откажете. Така пристапив викендов и од тоа црпев инспирација. Но, оваа победа е моја прва бидејќи одамна немам победено”, изјави светскиот шампион и продолжи:

“Притиснав колку што можев. Почнав последен во спринтерската трка, а имав и 5 места казна. Мислам дека ова беше најтешкиот викенд во мојата кариера. Но татко ми ме потсети на 2004 година кога возев Формула 3 во Бахреин. Почнав, бев последен и завршив 10-ти, а потоа завршив 1-ви. Оваа победа е за мојот татко“, изјави Британецот.

По трката доби и казна која за негова среќа нема да влијае на конечниот исход на трката и на бодувачкиот ефект.

Имено, тој заработи казна од 25.000 евра бидејќи без појас го вееше бразилското знаме, што е спротивно на правилата.

Британецот со победата во Бразил ја намали разликата зад Верстапен на 14 поени, а до крајот на оваа крајно возбудлива и неизвесна сезона остануваат уште три трки.

Реклама

Facebook

Реклама