Други спортови
Луис Хамилтон пол позиција во Бахреин
Луис Хамилтон стигна до својата 98-та пол позиција во кариерата откако беше најдобар во квалификациите за Големата награда на Бахреин.
Хамилтон беше најбрз на сите три квалификациски сесии, а решавачката беше 1,27,264.
Возачот на Мерцедес беше побрз од совозачот Валтери Ботас кој беше втор. Возачите на Ред Бул Хонда, Макс Верстапен и Александар Албон ќе бидат во втората почетна низа.
Во топ 10 се наоѓаат Серхио Перез, Даниел Рикиардо, Естебан Окон, Пјер Гасли, Ландо Норис и Даниел Квјат.
Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе стартуваат од 11-та, односно 12-та позиција.