Connect with us

Други спортови

Луис Хамилтон поседува две кациги како никој во Формула 1!

Луис Хамилтон е на добар пат да стане најуспешниот возач во Формула 1 во историјата.

Пред неколку години Хамилтон го изедначи рекордот на Аиртон Сена по бројот на пол позиции, а пред неколку дена го стигна и учинокот на Михаел Шумахер по бројот на победи.

Токму поради оваа причина, успешниот Британец може да се пофали со богатство како никој друг во светот на Формула 1.

Имено, Хамилтон стана сопственик на кацигите што ги носеа Сена и Шумахер, за многумина најдобри возачи во историјата на овој спорт.