Други спортови
Луис Хамилтон прави промени во своето име и презиме, познато како ќе се вика
Луис Хамилтон важи за најдобриот Формула 1 возач во историјата на овој спорт.
Хамилтон во понеделникот ја извести јавноста дека е во тек процесот за промена на неговото име и презиме.
Британецот одлучил на името и презимето да го додаде презимето на мајка си, Ларбалестиер.
„Многу сум горд на моето презиме, презимето на мајка ми е Ларбалеситер и ќе го додадам на моето име.
„Не ја разбирам целосно идејата дека кога луѓето стапуваат во брак, жените го губат своето презиме и јас навистина сакам презимето на мајка ми да биде до она Хамилтон.“
Таткото на Хамилтон, Ентони и неговата мајка Кармен се разведоа кога сегашниот возач на Мерцедес имаше само две години.
Инаку, Хамилтон, кој има седум шампионски титули во Формула 1, викендов ја чека 16-та сезона од најбрзиот октански циркус во светот.