Тајмаут
Луис Хамлтон избран за најдобар спортист во Европа
Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон е избран за најдобар спортист на Европа.
На гласањето организирано од полската новинска агенција (ПАП), Хамилтон го оствари својот трет триумф во кариерата.
Зад него се тенисерот Рафаел Надал и скијачот Марсел Хиршер кои беа со заостанување од 11 односно 75 поени.
Минатогодишниот добитник на наградата Новак Ѓоковиќ овој пат заврши на четвртото место затоа што имаше 71 поен. Потоа следат Стифан Хасан, Вирџин ван Дијк, Марк Маркез, итн.
Во првите 20 се Лука Дончиќ и Кристијано Роналдо кои го најдоа своето место на 16-та и 18-та позиција, соодветно.