Фудбал
Луис Суарез најдобро покажа колку значи Тер Штеген за Барселона
Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген неодамна беше на мета на шпекулациите дека ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.
Тер Штеген пристигна во каталонскиот клуб летото во 2014 година и секако важи за еден од најдобрите голмани на светот. Овој 28-годишен голман со Барселона има договор до летото 2022 година, но побара од Барселона многу поголема плата.
Сепак, тие сè уште не се согласиле за нов договор, поради што се зголемуваат шпекулациите дека Тер Штеген би можел да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.
Навивачите се надеваат дека клубот ќе најде некое решение и ќе го задржи Тер Штеген затоа што тој е многу важен член на овој тим. Тој повеќе пати го спаси својот клуб со своите одбрани и за многумина не е јасно зошто Барселона сè уште не му понудиле нов и подобар договор.
Луис Суарез одлично опиша колку е важен германецот, за кого Тер Штеген е без сомнение најдобриот голман на светот, а напаѓачот на Уругвај објасни зошто мисли така.
“Марк е скоро како играч од средниот ред. Начинот на кој ја управува топката е одличен. Без дилема, затоа тоа е најдобриот голман на светот”, рече Суарез.