Connect with us

Фудбал

Лука Дончиќ го „запали“ Твитер откако Реал Мадрид стана европски првак

Во незаборавната сезона, Кралскиот клуб успеа по 14-ти пат да стане европски првак, што е сосема заслужено бидејќи ја имаа најтешката работа во нокаут фазата и успеаја да освојат се.

Реал вечерва славеше со 1:0, а херој беше Винисиус Јуниор кој го постигна единствениот гол во 58. минута.

Веднаш по крајот на натпреварот на социјалните мрежи започна големо славје на навивачите на Реал, а меѓу првите се огласи Лука Дончиќ.

Дончиќ мина неколку сезони во Реал и се знае колку е поврзан со овој клуб, а на играчите на кралскиот клуб веднаш им честиташе уште еден неверојатен успех.

Многу е убаво да се биде навивач на Реал Мадрид“, изјави Лука Дончиќ по финалето.