Фудбал
Лука Дончиќ ќе игра на два натпревари на Ол-стар
Лука Дончиќ ќе се појави на два натпревари на Ол-стар, што ќе се одигра во Чикаго на 16 февруари.
Sвездата на Далас Маверикс покрај главниот дел од програмата, натпреварот меѓу тимот на Леброн и тимот на Џианис, ќе се појави и на натпреварот помеѓу младите кошаркари од Светот и Америка.
Значи Дончиќ ја предводи селекцијата на Светот, а покрај него во тимот се и:
Никел Александар-Вокер, ДеАндре Ајтон, Барет, Брендон Кларк, Шаи Гилгез-Александар, Руи Хачимура, Ол Михајлук, Jош Окоги, Мориц Вагнер.
За селекцијата на САД ќе настапат:
Мајлс Бриџис, Вендел Картер, Девонте Греам, Тајлер Херо, Јарен Џексон ЈР, Морант, Кендирк Нанн, Ерик Пашал, ПЈ Вашингтон, Тра Јанг, Зион Вилијамсон.
Покрај Дончиќ, на два натпревари ќе има и фантастичниот бек на Атланта Хоукс, Трај Јанг.