Кошарка
Лука Дончиќ не смееше да го праша Џордан за фотографија
Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, конечно го запозна веројатно најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.
Брендот „Air Jordan“ организираше забава во Чикаго на која присуствуваа многу познати личности, меѓу кои, секако и Мајкл Џордан.
Тука беа и кошаркарите кои би настапиле на Ол Стар. Лука Дончиќ беше меѓу нив, исполнувајќи го својот сон за средба со Мајкл, но остана без фотографија за сеќевање.
„Сè беше навистина одлично, но јас бев премногу нервозен да го прашам за фотографија“, рече Дончиќ.
Сепак, сигурно е дека Лук ќе има можност да се сретне со Мајкл во иднина, особено затоа што тие се членови на брендот „Air Jordan“.