Кошарка
Лука Дончиќ пред суспензија
Младиот Словенец се соочува со суспензија.
Дончиќ направи 12 технички грешки оваа сезона и често се жали на судиите, поради што би можел да се „олади“.
Доколку има 16 техника, Дончиќ автоматски ќе биде суспендиран на една игра.
„Тој е емотивен играч, па дури и ако тој натпревар дојде во прекин, одморот ќе му дојде добро“, рече тренерот на Далас Маверикс, Рик Карлајл.
Дончиќ продолжува со добра игра, па синоќа постигна 27 поени во победата на неговиот тим над Милвоки Бакс, а покрај тоа имаше и девет скока и асистенции. Неговиот тим славеше со 116:101 и се наоѓа на седмото место на Западот.