Connect with us

Кошарка

Лука Дончиќ со звукот на сирената го сруши Бостон, Бруклин на „крилјата“ на Харден

Бруклин ја забележа седмата победа во низа и повторно без помош на Кевин Дурент. Но и во овој состав со препородениот Харден и стандардно добриот Ирвинг, Бруклин изледа се подобро. Ноќеска нивна жртва беа Сакраменто кого го поразија со 127:118. Харден имаше трипл-дабл со 29 поени, 11 скокови и 14 асистенции. Одличен од клупата беше и Брус Браун кој од клупата успеа да постигне 29 поени. Ирвинг имаше 21 поен. Кај Сакраменто, Фокс беше најдобар со 27 поени.

Нов одличен натпревар одигра Далас против Бостон. Човек на одлука беше Лука Дончиќ кој со звукот на сирената погоди за три и Далас славеше со 110:107. Лука на крајот имаше 31 поен, 10 скокови и 8 асистенци.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ:

КЛИВЛЕНД – АТЛАНТА 112:111

ОРЛАНДО – ДЕТРОИТ 93:105

ЊУЈОРК – ГОЛДЕН СТЕЈТ 106:114

ТОРОНТО – ФИЛАДЕЛФИЈА 102:109

МИЛВОКИ – МИНЕСОТА 139:112

ЛА КЛИПЕРС – ВАШИНГТОН 135:116

БРУКЛИН – САКРАМЕНТО 127:118

ДАЛАС – БОСТОН 110:107