Поврзи се со нас

Фудбал

Лука Јовиќ луто одговори: Не знам, можеби е вистина, но прашајте го клубот

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ одговори на повиците на неговиот поранешен соиграч Борха Мајорал.

Јовиќ остана во Реал Мадрид, додека Мајорал отиде во Рома на двегодишна позајмица, но рече дека Зинедин Зидан имал план да го задржи и да се ослободи од српскиот напаѓач.

По враќањето во Мадрид, новинарите го пречекаа Јовиќ со прашање што мисли за ваквата изјава на Мајорал и дали има вистина во тоа.

“Немам коментар. Можеби е вистина. Прашај го клубот, не ме прашувај мене”, одговори 22-годишниот напаѓач.

Јовиќ беше стартер на два од четирите првенствени натпревари оваа сезона, но тој сè уште нема постигнато гол.

 

Advertisement

Facebook

Реклама